Збориме Реално 05: Иво Босилков, професор по политички науки: Климатска адаптација


 

Во оваа епизода зборувам со Ivo Bosilkov, професор по политички науки со специјализација во областа на медиумски ефекти врз јавното мислење, кој предава на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Со Иво коментираме крајно контраверзен научен есеј за климатските промени насловен Deep Adaptation, односно, Длабока Адаптација (текстот може да се преслуша овде).

Авторот на есејот, Џем Бендел (Jem Bendell) - професор на универзитетот Камбрија, ги критикува научните трудови во сферата на климатски и еколошки промени.

Тој изнесува податоци кои не доаѓаат до израз во меинстрим медиумите, но се исто така игнорирани или маргинализирани од страна на научниците...

... и смета дека светот треба да започне да ја третира веројатноста од евентуален општествен колапс кој може да настане поради драстични последици од промените во климата.

Ставот на Бендел е дека негативните заклучоци за влијанието на климатските промени во академските журнали бидуваат балансирани со податоци од позитивен карактер, кои се во склад со таканаречената агенда за одржливост или sustainability agenda.

Голем број научници што се занимаваат со климатските и еколошките промени го критикуваат есејот. Најголемата критика е на етичка основа, поради тоа што текстот можел да ги доведе луѓето до разочарување и неактивност.

Од друга страна, есејот наидува и на коментари на експерти што ги одобруваат изнесените ставови.

Заклучокот на професорот Џем Бендел е тоа дека треба да започнуваме да размислуваме како општествата би се прилагодиле на промените што можат да настанат од општествен и економски колапс.

(Најавната песна е „Кисело весело“ на Влатко Стефановски од албумот Cowboys & Indians)

Линкови за преслушување

Anchor FM

Spotify

Google Podcasts

Breaker 

Comments