Збориме Реално 07: Историска позадина на бугарското вето, со Гоце Панговски


“Ќе ги натоварам сите Македонци од Бугарија на воз и ќе ги пратам во Белград, па нека прават Србите со нив што сакаат” - изјава на премиерот на Бугарија, Александар Стамболиски при официјална посета на Белград - од разговорот со Гоце Панговски.

Во седмата епизода на Збориме Реално гостува Гоце Панговски. Тој е еден од неколку поединци во македонскиот интернет простор кои од ентузијазам, независно и самостојно се вложуваат кон објавување на досега непознати или неистакнати податоци од македонската историја - податоци кои ѝ пркосат на пропагандата на соседни земји чија цел е да ја искриволичи сликата за македонскиот идентитет и да ја разниша самодовербата на македонците во сопствената нација. 

Со гоце збориме за спорот помеѓу Бугарија и Македонија и правиме осврт на една од причините за ветото, а тоа е негирање на постоењето на македонски народ преку нееднакво, ненаучно претставување на историјата пред домашната јавност и, несомнено, странската дипломатија. Меѓу другото, во разговорот со Гоце наведуваме неколку податоци кои во актуелните околности и однос на бугарската држава кон македонското прашање, нема никогаш да допрат до тамошната јавност.

Линкови за преслушување:

Anchor FM

Spotify

Google Podcasts

Breaker  

Comments