Збориме Реално 06: Јанаки Митровски, адвокат и поборник за легализирање на канабисот

 

 

Канабисот е непресушна тема на дискусија со оглед на историјата на ова растение, неговото културно-општествено значење и бројните податоци за позитивни здравствени својства кои се поддржани од клинички истражувања низ светот.

Јанаки Митровски е адвокат и поборник за легализирање на канабисот во Македонија и бил говорник на домашни и меѓународни настани на оваа тема. Тој е дел од работната група за легализирање/декриминализација на канабисот во Владата.

Во разговорот со Јанаки правиме осврт на правниот лавиринт во однос на членовите по кои постапуваат судовите, законите во други земји, активистичкото делување, општествените предизвици, ненадејниот „бум“ на компании што произведуваат канабис, можностите за бизнис и многу повеќе. 

Најавната шпица е траката Yavin Arcade на групата Brotherhood of Dada и може да се преслуша и спушти од издавачката куќа Дајте Друго Име. 


 

Линкови за преслушување:

Anchor FM

Spotify

Google Podcasts

Breaker 

Comments