Епизода #13 Лиса Баута Шакири: општество и меѓуетнички односи

Збориме Реално #13 со Лиса Баута Шакири 

Лиса ми го плени вниманието со нејзините објави на фејсбук на актуелни теми, кои неретко ги пренесуваат порталите за вести кај нас. Лиса има свои ставови и гледишта, своја автентичност а такво нешто ни е потребно во гледањето на нашето секојдневие.

Темата меѓуетнички односи е далеку од исцрпена. Напротив, мислам дека е недоволно застапена а кога е, таа се обработува чисто политички а нам ни се потребни нови агли, нови сознанија, нови разбирања. Како за прв разговор, мислам дека опфативме нешто и од тоа. 

Во секој случај, послушајте го разговорот, се надевам дека интелигентно ќе ви го исполниме одвоеното време.

Comments