Горазд Китановски - Кени
 е поет, автор на неколку самоиздадени збирки, познат по неговите 
поетски читања во автобусите на јавниот превоз. Горазд води тековен проект за создавање на поетска збирка со помош на „случајните патници“. 
Тој е учесник и коорганизатор на поетскиот фестивал „Мале мале“ во Берово, кој се одржува на 30 и 31 јули, 2022.
Со Горазд разговараме и за тоа како се одразуваат бугарските блокади на духовното здравје, и како да ги надминеме за да излеземе подобри од уште еден тежок историски предизвик за Македонија.
Воведната песна е дело на Миа Перевска. Нејзиниот Јутуб канал е овде.
#поезија #музика #метафизика #наука #историја #Македонија 

Comments
Post a Comment