#19 Монолог - Теренс МекКена: Криза на свеста

Теренс МекКена (16.11.1946 - 03.04.2000) е етноботаничар и мистик од САД. Благодарение на една од неговите омилени сфери на интерес, многумина го сметаа и сеуште го сметаат за психонаут и бард на психоделичните растенија. Своето огромно знаење Теренс МекКена го преточува во чудесни лекции проткаени со фасцинантни податоци и увиди за човештвото. Во овој говор од 1995 година, насловен Криза на Свеста, МекКена зборува за истрошениот културолошки модел на западот, односно на денешното потрошувачко општество, и можноста за применување на модел што ќе ги поправи штетите што настануваат од нашите, сеуште, актуелни заблуди, фасцинации и стравови.

Comments